Заслуги и благодарност

Оваа дигитална платформа се заснова на оригиналниот Водич низ квалификациите во стручното образование од 2020 година, изработен од работниот тим  на Центарот за развој на стручното образование: Азра Тутиќ, Бојана Политова, Горан Спасовски, Роза Арсовска, Бранко Алексовски, Ридван Зеќири, Лепа Трпческа, Зоран Јовчевски, Aли Шаини, Чедомир Димовски, Елизабета Јовановска Радановиќ и Марија Настовска од Центарот за развој на стручното образование, чија стручност и професионална посветеност ја обезбедија суштинската основа за развојот на оваа платформа.

Развојот и имплементацијата на дигиталната платформа беа дополнително поддржани преку професионалниот ангажман на Бојана Политова, Соња Славковиќ и Албион Сулејмани од Центарот за развој на стручното образование, како и Кети Костовска, Наталија Кижевска, Садете Рамадани Мора и Пенка Мантова Здравковска од Министерството за образование и наука.

Се упатува посебна благодарност до Швајцарската агенција за поддршка и развој преку чиј проект Образование за вработување во Северна Македонија се поддржа промовирањето, а потоа и дигитализацијата на овој Водич, под водство и стручна поддршка на  Ивана Георгиевска, Раководител и експерт за стручно образование и обука и стручна поддршка на Александра Силјановска, Советник за комуникации.

Вклучените институции изразуваат искрена благодарност до сите придонесители за нивниот професионализам, стручност и посветеност во зајакнувањето на системот на стручно образование и неговите дигитални алатки.