За Проектот
Платформата „Водич низ квалификациите во стручното образование“ е дел од иницијативата „Образование за вработување
во Северна Македонија“ (E4E@мк), поддржана од Швајцарската Влада, а имплементирана во соработка со Министерството
за образование и наука и Центарот за развој на стручното образование (ЦРСО).

Нашата главна цел е да овозможиме лесна, брза и разбирлива навигација низ целокупната понуда на стручно образование, за да им помогнеме на младите луѓе да направат самоуверена и информирана одлука при изборот на средно образование.
Платформата служи како сигурен извор на информации за сите достапни сектори и квалификации, нивната структура, траење, вештини што се стекнуваат, како и професионалните и образовни патишта што се отвораат по нивното завршување.
Платформата е наменета за ученици, родители, наставен кадар и кариерни советници, како и за сите кои се заинтересирани за стручно образование и обука.
Што содржи оваа платформа
Kвалификации, училишта, работодавачи
и информации за кариера

Kомплетен преглед на квалификациите
организирани по сектори
Oпис на занимањата и реалните
можности за вработување и напредување
Информации за средните стручни
училишта кои ги нудат овие програми
Податоци за потенцијални работодавачи
поврзани со конкретни квалификации
Mожности за хоризонтална и вертикална проодност