Училишта и работодавачи
Истражи каде можеш да учиш
и да се стекнеш со стручно
образование

На оваа страница ќе најдеш список на јавни средни стручни училишта во земјава, организирани по региони, општини и сектори.
Секое училиште нуди квалификации според современи наставни програми.

Интерактивна мапа на училишта по региони
Филтрирај и избери лесно
Најди средно стручно училиште
Пронајди ја твојата идна струка
Работодавачи кои соработуваат
со стручните училишта

Работодавачите играат клучна улога преку практично образование, менторска поддршка и можност за вработување.
На оваа платформа ќе ги видите работодавачите кои соработуваат со училиштата преку дуалниот модел на образование.

Биди наш партнер
Соработувај со нас
Искуства од ученици, наставници и работодавачи
Види што нашите ученици, наставници и компании мислат за нас
„Сето ова со стручното/ дуалното образование е добра приказна низ која посветените и примерни ученици веднаш доаѓаат до работа, а компаниите добиваат квалитетна работна сила, претходно проверена и обучена во сопствените работни оддели.“
Васил Стамболиски, Регионален менаџер за обука и Претставник за квалитетЕуроимпекс, Скопје
„Влијанието на стручното/дуалното образование врз развојот на квалитетна работна сила е големо, бидејќи кај учениците се појавува одговорност за навремено доаѓање и одење од работа, желба за извршување на обврски, чувство дека се веќе возрасни лица и дека некој и нив им доверил некоја задача на нивна одговорност, поради што дополнително се ангажираат и се чувствуваат за корисни, почитувани, важни и чувствуваат дека со нивниот ангажман можат да придонесат во понатамошниот развој на системот и организацијата на работа во државата.“
Сашо Антевски – Раководител на одделение за контрола и иследување во секторот за организација и безбедност во сообраќајотЈП Железници, Скопје
„На учениците им препорачувам да се вклучат во дуалното образование со поголема бројност, бидејќи ги чека многу подобра подготовка за директна вклученост во самото производство, без дополнителни обуки откако ќе се вработат; поголема сигурност за непосредно вработување веднаш по завршувањето на образованието; многу поголем пристап до најсовремени техники и опрема кои произлегуваат од денешниот технолошки развој, а кој компаниите се повеќе го следат.“
Игор Стојановски, директор и ментор на ученици за реализација на практична обукаДЕПЕТ ДОО, Скопје (Пекарница Пастел)
„Стручното и дуалното образование играат клучна улога во формирањето на квалитетна работна сила. Лично јас, сметам дека овие образовни модели ги подготвуваат учениците со практични вештини и искуства кои моментално се применливи на пазарот на труд, што ги прави подготвени за успешно вработување.“
Илија Јовановски, Шеф на единица за дигитално печатењеПолиестердеј, Скопје
„Во рамките на нашата дејност, преку менторирани лица со долгогодишно искуство во нашата компанија овозможуваме реализација на практичната настава во која се опфатени програмите и содржините за вршење на обуки за заварувачи, машински оператори, бојадувачи, дупчачи и други профили. Издаваме соодветни потврди за извршување на успешноста на практичната настава за работното место каде ја вршел ученикот.
На учениците коишто посетуваат практична настава им обезбедуваме превоз до компанијата, лична заштитна опрема, здравствени систематски прегледи, обуки за безбедност и здравје при работа, интерни обуки за личен раст и развој на ученикот и можност за идно вработување по завршување на нивното образование.“
КАЗ Груп, ИлинденДЕПЕТ ДОО, Скопје (Пекарница Пастел)
„Со учењето на практичниот дел во нашиот ресторан, учениците се стекнуваат со поголемо знаење, поголема самоконтрола во работењето, поголема одговорност, точност... Со самото учење и работа се стекнува кадар кој по завршувањето на образованието е продуктивен да даде знаење при работата, а тоа е од голема придобивка за компанијата каде ќе се вработи.“
Ненад Петровиќ, сопственик на ресторанот и ментор на ученици за практична наставаРесторан „Бела Миа“ Тетово
„Ние како училишни ментори имаме задача да извршиме еден вид на спојување на она што се изучува во училиштево по теоретските предмети и практичните вежби, со тоа што е основна потреба на самите компании.“
Љупчо Малески, професорOОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
„Добар баланс е, нуди можност на сите да се пронајдат, да видат кој како се снаоѓа. После тоа не само што подобро ќе го научат целиот процес, туку и им дава можност да се вработат понатаму.“
Марко БојаровскиТехничар во Институтот за истражување и развој на Алкалоид, поранешен ученик во дуална паралелка во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“
„Откако ќе завршам средно училиште во АСУЦ „Боро Петрушевски“ сакам да се усоврашм и да го надградам моето знаење на факултет. Мојата животна желба е да отворам сопствен технички преглед и да си имам осигурување за самиот себе.“
Давид КалимановскиУченик во АСУЦ „Боро Петрушевски“
Визуелна галерија
Видео прикази




