Учествува во технолошките процеси за пирометалуршко, хидрометалуршко и електрометалуршко добивање метали, во постапките за рафинација на суровите метали, во процесите за добивање метални прашоци и синтерување; управува со опремата, средствата и агрегатите во сите процеси за добивање и рафинација на металите; пресметува, мери, испитува суровини, пополнува и води документации и евиденции; применува правила, прописи и законска регулатива за заштита на
животната и на работната средина.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот може да работи како: Оператор за добивање на метали, Оператор за преработка на метали, како и на сите други работни места од областа на металургијата во железари, леарници и самостојни занаетчиски работилници за обработка на метал.