НАЗИВ НА КВАЛИФИКАЦИЈАТА

Ракувач со рударски машини

Oпис на квалификацијата и подрачја на вработување

Ракува со рударски машини при ископување суровини во рудници со површинска и подземна експлоатација на минерални суровини; ракува со постројки за преработка на минерални суровини; одржува машини и уреди во исправна состојба; ја планира сопствената работа и применува правила, прописи и законска регулатива за заштита на животната и на работната средина.

Со стекнување на квалификацијата, ученикот може да работи како: Ракувач со рударски машини за површинска експлоатација и Ракувач со рударски машини за подземна експлоатација во фирми и/или рудници за експлоатација на рудни богатства, градежништво, сепарации и во областа на металургијата.

Можност за занимања

Ракувач со рударски машини за површинска експлоатација

a3

Ракувач со рударски машини за подземна експлоатација

a3

Средни стручни училишта во кои е застапена оваа квалификација

Средни стручни училишта во кои е застапена квалификацијата

Квалификации од секторот: Геологија, рударство и металургија

Геолошко-рударски техничар

a3

Металуршки техничар

a3