Ракува со рударски машини при ископување суровини во рудници со површинска и подземна експлоатација на минерални суровини; ракува со постројки за преработка на минерални суровини; одржува машини и уреди во исправна состојба; ја планира сопствената работа и применува правила, прописи и законска регулатива за заштита на животната и на работната средина.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот може да работи како: Ракувач со рударски машини за површинска експлоатација и Ракувач со рударски машини за подземна експлоатација во фирми и/или рудници за експлоатација на рудни богатства, градежништво, сепарации и во областа на металургијата.