Декорира нокти на раце и нозе со разни техники на лакирање: класично, сликарски техники, украсување, француски маникир, како и надградба на нокти; применува постапки за естетска нега на рацете и нозете; извршува работни задачи од областа на естетска нега на рацете и нозете; одредува контраиндикации за одреден козметички третман; почитува естетски критериуми во струката; комуницира вербално и невербално, со и без примена на современи комуникациски средства и компјутерска технологија.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Маникир – педикир, како и други сродни занимања во секторот, согласно со стекнатата квалификација или преку отпочнување сопствен
бизнис.