Подготвува идејно решение за графички производ и истиот го подготвува за печатење. Графичкиот уредник – дизајнер работи на оперативни работи во дизајн и подготовка на идејни решенија за графички производ, техничко и графичко уредување на публикации, во подготовка и изработка на копирни предлошки и печатарски форми, техничка подготовка на графички материјали.
Графичкиот уредник – дизајнер, по завршувањето на средното образование, ќе може да работи во печатница, студио за дизајн, графичко уредништво во издаваштво, во специјализирани фирми за графичка подготовка и други работни места од областа на графичарството.