Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Оператор на технологија на обработка на метали со деформација и режење, Оператор на технологијата за изработка на метални конструкции, Алатничар, Оператор на технологијата на заварување, Оператор на CNC машина, Изработувач на CNC програми и Соработник за техничка документација во машинството во претпријатија кои се занимаваат со машинска обработка со користење на CNC и класични машини со режење и пластична деформација. Може да работи во претпријатија за изработка и монтажа на конструкции со и без заварување, изработка и одржување алати, машини и опрема во преработувачката индустрија, во автомобилската индустрија и секаде каде што има машини и постројки и потреба за нивно производство и одржување.