Монтира и инсталира делови, склопови и системи според дадената техничка документација или работна инструкција; отстранува неправилности во процесот на работа, во граници на неговите дадени овластувања, при тоа обезбедува и контролира квалитет на извршената работа според дадените критериуми и примена на нормативи и стандарди во работата; чита и користи техничка документација – работни налози и технички цртежи; применува правила за безбедност и здравје при работа и мерки за заштита на животната средина.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Монтер на мотори и моторни возила и Механичари и монтери на мотори и моторни возила во индустријата за производство на моторни возила и делови за моторни возила, сервиси за одржување и поправка на моторни возила, автосалони, продавници за резервни делови, претпријатија со возен парк, претпријатија кои вршат јавен превоз на патници и товар, а може да води и сопствен бизнис.