Бравар/Браварка изработува делови на метални конструкции, обработува лим, метални профили цевки и изведува различни видови на демонтажа и монтажа. Бравар/Браварка изработува: огради, прозорци и врати, мебел, делови од постројки и метални предмети , како и предмети изработени од други материјали. За време на работењето, Бравар/Браварка изведува различни активности на начин кој е социјално инклузивен и еколошки одржлив: оцртување и обележување, рачно и машинско сечење, исправање, свиткување, брусење, ковање, дупчење , врежување , нарежување, стругање, заварување (електролачно и гасно), спојување на делови, острење на различни алати, заштита на површината со заштитни слоеви. Бравар/Браварка користи различни алати и машини: чекани, пили за сечење на метал , ножици за лим, турпии, алати за мерење (метар, шестар, подвижно мерило со нониус, микрометар, агломер…), рачна електрична дупчалка и брусилка , машини за сечење на челични профили, машини за сечење и виткање на лим и профили и уреди за заварување. Бравар/Браварка води работна документација и изведува административни и комерцијални задачи во делокругот на неговото/нејзиното работење. Тој / таа е во комуникација со неговите/нејзините претпоставени, колеги, клиенти, ги применува правилата на деловна комуникација и ја координира својата работа со работата на oстанатите изведувачи и тоа на начин кој е етички и професионален. Тој/таа применува и ги почитува стандардите на квалитет во неговото/нејзиното работење, применува постапки и мерки за заштита на здравјето, заштита на работната средина, како и мерки за заштита од пожари.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот може да работи како Бравар/Браварка и на други работни места во секторот, согласно со квалификацијата.