Одржува и поправа лесни моторни возила, подетално, правилно демонтира и монтира мотор и составни делови на мотор со внатрешно согорување, ја контролира работата, одржува и ги отстранува неисправностите на подвижните и неподвижните делови на моторот, недостатоците на механизмите и системите на моторот; одржува, сервисира и поправа електрични уреди, систем за напојување, подмачкување и ладење; одржува, сервисира, поправа неисправности и менува акумулатор, алтернатор, стартер и др. електрични уреди на возилото и на преносниот механизам; менува пневматици и урамнотежува тркала, одржува и менува делови на системите за безбедност во возилото (ABS, TCS, воздушни перничиња); контролира и одржува систем за сопирање, управување и потпирање.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Автомеханичар во автомобилската индустрија или со отпочнување сопствен бизнис.