Врши декоративна и заштитна завршна обработка во различни видови објекти; подготвува разни површини (дрвени, ѕидани, гипсени плочи, гипсени површини, бетонски, синтетички, малтер и метални) пред нанесување материјали како што се боја, премази со високи перформанси, водоотпорни материјали, огноотпорни материјали, лак, шелак, ѕидни покривки и специјална завршна обработка за заштита, декорација, санитарна заштита, идентификација и безбедност; врши завршна подготовка на површините, лепење и завршна обработка на гипскартонските плочи; поставува топлотна и звучна изолација; врши обложувања на ѕидови, изведува системи на преградни и обложни ѕидови, изведува системи на спуштени тавани, обложувања на потпокрив и системи за подови; ја проверува и подготвува површината; поставува профили за заштита на аглите, ги пополнува споевите и пукнатините, меша и нанесува смеси за да се постигне помазна површина; врши обработка на споевите на гипскартонските плочи, поставува, одржува и поправа украсни лајсни и ѕидни украси.