НАЗИВ НА КВАЛИФИКАЦИЈАТА

Техничар дизајнер за внатрешна архитектура

Oпис на квалификацијата и подрачја на вработување

Ја планира и организира изработката на делови на ентериер и препорачува конструктивни решенија за решавање на ентериерот и материјали за изработка на ентериер; подготвува техничка документација за ентериер; премерува простор, црта скици на снимениот (премерениот) простор, црта основи, пресеци, изгледи и детали за внатрешниот простор кој ќе се уредува; изработува 3Д презентации во соодветен софтвер; изработува предмер и пресметка на потребен материјал; контролира правилно вградување елементи на ентериер, согласно со проектната документација.

Чита и анализира текстуални и графички прилози на техничката документација од областа на производство, реконструкција, конзервација и ревитализација на мебел; ја спроведува предвидената динамика и активностите за реализирање на проектот, согласно со технологијата на работа или технологијата на изработка на мебел; контролира, потврдува и испитува градежни зафати во ентериерот за одредена фаза или позиција; врши редовни, вонредни и превентивни прегледи на алатот и опремата за работа и спроведува мерки за здравје, безбедност и заштита при работа, мерки за заштита од пожари и мерки за заштита на животната средина.

Со стекнување на квалификацијата, ученикот ќе може да работи како: Оператор за дизајн на внатрешна архитектура и изработка и вградување на мебел и Соработник при изработка на проектна документација за ентериер

Можност за занимања

Оператор за дизајн на внатрешна архитектура и изработка и вградување на мебел

a3

Соработник при изработка на проектна документација за ентериер

a3

Средни стручни училишта во кои е застапена оваа квалификација

СГУГС „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“ – СКОПЈЕ

a3

СГУГС „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“ – СКОПЈЕ

a3

Средни стручни училишта во кои е застапена квалификацијата

Квалификации од секторот: Градежништво и геодезија

Архитектонски техничар

a3

Геодетски техничар

a3

Градежен техничар

a3

Монтер за сува градба

a3

Помошник молеро – лакер

a3

Поставувач на подови и плочки

a3