Котира и црта детали; изработува предмер; обезбедува општа документација, конвертира документи во PDF-формат, внесува електронски потписи; обезбедува проектантски цени за изработка на предмери; води и архивира техничка документација според стандардите и барањата на матичната фирма и изедначување и унифицираност на графичките и текстуалните прилози, по нивоа за фази; чита и анализира текстуални и графички прилози на техничката документација од областа на високоградба; jа спроведува предвидената динамика; ја координира и организира работата на својата бригада; спроведува активности за реализирање на проектот во согласност со одобрена технологија на градење; контролира, потврдува и испитува градежни работи за одредена фаза или позиција; врши редовни, вонредни и превентивни прегледи на алатот, опремата и градежната механизација и спроведува мерки за здравје, безбедност и заштита при работа, мерки за заштита од пожари и мерки за заштита на животната средина.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот ќе може да работи како: Соработник при изработка на проектна документација и Оператор-изведувач на градежни работи од архитектура