Оспособен за изградба на безбедни, функционални и одржливи објекти, согласно со соодветна проектна документација, кои ќе ги задоволат сегашните и идните потреби на клиентите; изработува техничка документација, врз основа на проектна документација; собира понуди согласно со предмер-пресметка од проектна документација; планира и припрема потребна техничка документација за изведба на градежни работи и планира ресурси за изведба на градежни работи (градежна механизација, работна рака и спецификација на градежни материјали); врши надзор над заедничка изведба на градежни работи и контрола на вградени материјали и квалитетна изведба, согласно со проектната документација.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот ќе може да работи како: Соработник за техничка документација за градежни работи и Оператор за изведба и контрола на градежни работи.