Изработува елементи и потсклопови за инсталација со централно греење и климатизација. Сече, обликува и спојува цевки и цевни елементи, делови од лим и профили, реже навој, изработува прирабници, држачи, потпирачи; ракува со алати за стегање, обработка, мерење и контрола; монтира грејни тела, котли, апарати, пумпи, компресори, термостати, приклучоци и други електрични и електронски компоненти според дадени цртежи, спецификации и упатства на производителот; управува, ракува и одржува уреди и инсталации за греење; изработува и подготвува елементи за климатизација; монтира елементи на клима-уред; монтира, управува, ракува и одржува уре ди и инсталација за греење и климатизација.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Инсталатер за греење или Инсталатер за климатизација.