Управува со функционални, безбедни и одржливи производи, процеси и системи (ППС) за задоволување на потребите на клиентите; самостојно или под надзор, врши планирање, подготовка и организација на работата, изработка на техничка документација и изработка на административно организациона документација; ракува, одржува и управува со енергетски постројки, машини и уреди, изведба и сервисирање на системи за греење и климатизација; врши контрола на квалитетот и квантитетот на изведените работи и следи, контролира, регулира процесни параметри во термоенерегетските и термотехничките постројки.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Механичар за енергетски постројки, Оператор на технологијата на производство и одржување на енергетски машини и постројки, Ракувач со постројки за производство на енергија, Инсталатер за греење, климатизација и вентилација со вештини за енергетска ефикасност на објекти и Соработник за техничка документација во машинството во компании кои се занимаваат со производство, дистрибуција и снабдување со топлинска, електрична енергија и природен гас во објекти со сопствена котларница (процесна индустрија, котли за системи за греење и сл.), во компании кои се занимаваат со проектирање и изведба на системи за греење и климатизација, како и да води сопствен бизнис.