Чита склопни и монтажни цртежи; подготвува елементи: лимови, профили и цевки за спојување во конструкции и цевководи; спојува разни конструкции и цевководи со завртки и навртки; спојува елементи во конструкции и цевководи со гасно, електролачно, МИГ/МАГ постапки на заварување; одржува конструкции и транспортни ленти, кровни конструкции, контејнери и резервоари; изработува резервни делови и конструкциски елементи; ја планира работата и обезбедува услови за извршување на истата; применува стандарди за квалитет; применува прописи за заштита при работа и заштита на околината.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Бравар или Конструкциски механичар.