Поставува, поврзува и одржува цевкини водови; поставува и монтира внатрешни и надворешни водоводни и санитарни инсталации и технолошки водови; поставува и поврзува гасни водови и уреди и технолошки водови; монтира и приклучува енергетски потрошувачи на систем од инсталации со цевки; одржува водоводни, санитарни, технолошки и гасоводни инсталации и опрема.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Монтер за водоводна и санитарна инсталација, Монтер за топловодна инсталација или Монтер на гасоводна инсталација и на други работни места во машинската индустрија.