Монтира, инсталира, одржува, сервисира и ракува автоматски и контролни системи, аудио и видео уреди, телекомуникациска опрема и мрежи и мобилна телефонија; следи и ја оптимизира работата; решава проблеми, контролира квалитет и применува мерки за заштита и безбедност при работа и почитување на заштитата на животната средина.
Со стекнување на квалификацијата Електротехничар за електроника и телекомуникации ќе може да работи во различни работни средини како што се: оператори на мобилна телефонија, телекомуникациски оператори, радиотелевизиски куќи и станици, медиуми, установи за јавни услуги, компании за сообраќај и транспорт, компании за производство, пренос и дистрибуција на електронски податоци, здравствени и социјални установи, образовни и научни институции, институции за туризам и угостителство, компании за земјоделие и хортикултура, филмска индустрија и други, а може да развива и сопствен бизнис. Исто така, ќе може да извршува работни задачи како: Техничар за електронски елементи, апарати и уреди; Електротехничар за автоматски и контролни системи; Електротехничар за радио и телевизиски уреди; Електротехничар за телекомуникациска опрема и мрежи; Електротехничар за мобилна телефонија; Снимател на слика и Монтажер на слика и тон и на други работни места, согласно со квалификацијата.