Изработува комплет електрична инсталација, одржува електрични и електронски елементи на моторните возила; врши автодијагностика, ги чита грешките и ги отстранува дефектите, а потоа ги брише грешките. Контролира исправност на сензорите и ги подесува. Исто така, оспособен е да дијагностицира и поправа систем за стaртyвaњe, палење, вбризгување, предзагревање, системи за безбедност на возилото, ABS, ESP, ASR; толкува блок-дијаграми и функционални дијаграми на CAN системите и применува дијагностика на нив; тестира OBD системи кај моторните возила.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Автоелектричар или Автоелектроничар и на други работни места во доменот на квалификацијата.