Изведува, сервисира и одржува електрични инсталации до 1КV во објекти и погони; монтира, поврзува и демонтира приклучни уреди, инсталациони осигурувачи, прекинувачи, броила, разводни табли и други уреди во електричните инсталации до 1КV; монтира, поврзува и демонтира електрични извори на светлина и светила, согласно со барањата и потребите на просторот за осветлување; врши мерења и контрола на електрични големини со различни мерни инструменти; поседува практични вештини за изградба и одржување на електрични мрежи со надземни и подземни (кабелски) електроенергетски водови; изведува електрични инсталации за работа и управување на електрични машини и електромоторни погони и изведува, сервисира и одржува електроенергетски објекти (постројки и водови); применува и извршува манипулации (промена на вклопна состојба) со расклопната опрема во електроенергетските објекти; предлага мерки за подобрување на енергетската ефикасност во објекти при различни ситуации и презема активности и дејствија со кои ја намалува потрошувачката на електричната енергија.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Електричар за инсталација и одржување; Електромонтер на електроенергетски објекти (постројки и водови); Eлектроинсталатер на јакострујни инсталации до 1KV и Електроинсталатер и монтер на енергетско ефикасни уреди, како и на други работни места во доменот на квалификацијата.