Работи со хардверски и софтверски решенија; дизајнира и тестира компјутерски решенија според потребите на корисниците; предлага и учествува во развој на софтвер со примена на теории и принципи на компјутерски науки и математичка анализа; работи со периферни уреди, вклучувајќи тастатури, рутери, принтери, скенери и сл.; инсталира, конфигурира и одржува мрежа; детектира грешки, сервисира и одржува компјутери и компјутерски опрема; спроведува постапка на програмирање, внесување на програмата во микроконтролер со програматор.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Електромеханичар за компјутерски хардвер и Електромеханичар за компјутерска технологија како и на други работни места од областа на електро-механичарските работи за компјутерска техника и технологија, како и на други работни места во доменот на квалификацијата.