Квалификацијата техничар за индустриска мехатроника овозможува стекнување знаењa, вештини и компетенции за: користење техничко-технолошка документација, самостојно извршување интервенции од машинска, електротехничка и информатичка природа на мехатронички системи како што се монтирањето, инсталирањето, програмирањето, одржувањето, сервисирањето и ракувањето со автоматски и контролни системи во производните процеси. Со квалификацијата се стекнуваат компетенции за планирање, организација, следење и оптимизирање на работата, решавање проблеми, контрола на квалитет, како и почитување на прописите, процедурите и законите од соодветната област, посебно во доменот на безбедност при работа и заштита на животната средина.
Ученикот со стекнување на оваа квалификација ќе може да работи како: Електротехничар за автоматски и контролни системи, Техничар за процесна автоматика, Техничар за роботика и интелигентни системи, Електротехничар за комуникации, мерења и управување во електроенергетиката, Оператор на електрични машини и електромоторни погони, Оператор на компјутерски управувани системи, Оператор на технологијата на обработка на метали со деформација и режење, Електротехничар за инсталација и одржување во различни работни средини како што се: автоматизирани индустриски погони за производство, сервис и одржување на разновидна опрема, апарати и уреди, установи за јавни услуги, компании за сообраќај и транспорт, компании за образовни и научни институции, институции за туризам и угостителство, компании за земјоделие и хортикултура, филмска индустрија и други, а исто така може да развиваат сопствен бизнис, но и да го продолжат своето образование во високообразовна установа или да остварат понатамошно стручно усовршување.