Дијагностицира причини за појава на дефекти кај електронски и телекомуникациски уреди и апарати; инсталира телекомуникациски уреди и конструира (пресметува и изработува) потсклопови и склопови на електронските уреди; препознава електронски уреди и системи и го познава материјалот и елементите што се користат при изработката на електронските уреди и системи; користи алат и мерни инструменти што практично се применува во електротехниката; применува и одржува аудио и видео техника, испитува карактеристики на електронските елементи и уреди.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Електромеханичар за електронски уреди и опрема; Електромеханичар за телекомуникациски уреди и телекомуникациска опрема; Електроинсталатер и монтер на телекомуникациски уреди и телекомуникациска опрема и Електромеханичар за аудио и видео техника, како и на други работни места во доменот на квалификацијата.