Оваа квалификација овозможува стекнување знаења, вештини и компетенции за изведување активности поврзани со мултимедијалната продукција и дигиталната комуникација. Со квалификацијата се подготвува ученикот да работи во области што ги опфаќаат аудио-визуелните технологии, веб-дизајнот и интернет-програмирањето, визуелните комуникации и информациските системи. Работните задачи вклучуваат: монтирање, инсталирање, ракување, одржување и сервисирање на електронски уреди и периферна опрема; дизајнирање и развој на дигитални анимации, аудио и видео записи, интерактивна графика и веб-презентации; интеграција на мултимедијални содржини и материјали; соработка со стручни лица од сродни области и примена на мерки за безбедност и заштита на животната средина.
Ученикот со стекнување на оваа квалификација ќе може да работи како: Изработувач на визуелни апликации, Техничар електроничар за компјутери, Веб – техничар, Снимател на слика, Монтажер на слика и тон, како и да започне сопствен бизнис во областа на креативните индустрии.