Оваа квалификација овозможува стекнување знаења, вештини и компетенции потребни за изведување работни задачи во областа на развојoт на видеоигри и интерактивни дигитални содржини за XR. Со квалификацијата компјутерски техничар за видеоигри и виртуелна реалност се подготвува ученикот за самостојна и тимска работа во креативната и технолошката индустрија, преку: дизајн и моделирање на графика, програмирање и скриптирање, развој на мултиплатформски игри, интеграција на мултимедија, работа со податоци и мрежи, тестирање и оптимизација, авторски права и дигитална етика, extended reality (xr, икт и технички вештини, економски и бизнис-вештини. Ученикот со стекнување на оваа квалификација ќе може да работи како: Техничар за видеоигри и виртуелна реалност, Техничар за компјутерски системи и мрежи, Веб-техничар, Оператор на бази на податоци и ќе биде подготвен за работа во компании од ИКТ-секторот, студија за развој на игри, дизајн студија, мултимедијални и маркетинг-агенции, XR/VR/AR лаборатории, центри за анимација, како и да започне сопствен бизнис во областа на креативните индустрии.
Оваа квалификација овозможува развој на критичко размислување, креативност, техничка прецизност и тимска работа кои се суштински за успешна интеграција во современата дигитална индустрија и за развој на сопствен бизнис во оваа област