Изработува техничка и технолошка документација за обработка на металите со режење и пластична деформација; ракува со алатни машини, изработува метални конструкции; изработува и одржува алати и изведува заварувачки работи; користи алат, машини и уреди за изработка на производи од пластични маси; ракува и програмира CNC машини; ја планира, организира, следи и оптимизира работата; решава проблеми, контролира квалитет на алати, уреди, материјали и производи, согласно со проектната документација.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Оператор на технологија на обработка на метали со деформација и режење, Оператор на технологијата за изработка на метални конструкции, Алатничар, Оператор на технологијата на заварување, Оператор на машини и уреди за изработка на производи од пластични маси, Оператор на CNC машина, Изработувач на CNC програми и Соработник за техничка документација во машинството во претпријатија кои се занимаваат со машинска обработка со користење на CNC и класични машини со режење и пластична деформација. Може да работи во претпријатија за изработка и монтажа на конструкции со и без заварување, изработка и одржување алати, машини и опрема, во преработувачката индустрија, автомобилската индустрија и секаде каде што има машини и постројки и потреба за нивно производство и одржување.