Оваа квалификација се однесуваат на производство на машински делови. Квалификацијата ги покрива сите потребни знаења, вештини и компетенции што се потребни за успешна работа во машинската индустрија. По завршување на образованието, ученикот ќе биде способен за: изработување делови со рачна и машинска обработка, спојување метални делови со заварување и лемење, обработување делови со пластична деформација, правилно ракување и одржување алати, машини и опрема, планирање на работата и обезбедување безбедни услови за извршување на истата.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Металостругар или Металоглодач.