Подготви се за работа преку кариерно насочување

Сподели:
Facebook
X
LinkedIn
Email
Последни објави
„Образовното рандеву“ во рамки на МАССУМ
Отворен ден во АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје
Национална работилница „Заедничка соработка за поддршка на Регионалните центри за стручно образование и обука“
Македонија е 34-та членка на платформата WorldSkills Europe
1570 стипендии за учениците во дуалното образование
МОН го зголемува бројот на упис на ученици во средните стручни училишта
Претставници од Центарот за развој на стручното образование присуствуваа на националната почетна конференција во Скопје за регионалниот проект „Подготви се за работа преку кариерно насочување“, имплементиран од Агенцијата за образование и интернационализација, во рамки на Програмата за образовна соработка со Источна и Југоисточна Европа.
На конференцијата, Елизабета Јовановска-Радановиќ од ЦРСО, имаше свое обраќање како национален експерт, при што ги сподели перспективите, предизвиците и можностите за развојот на кариерното насочување во стручното образование и обука.
Дополнително, претставник од Центарот за развој на стручното образование учествуваше и како панелист во панел дискусијата посветена на зајакнување на кариерното насочување, каде беа истакнати важноста од меѓуинституционална соработка, улогата на училиштата и потребата од системски пристап во поддршката на учениците при избор на кариера.
Центарот за развој на стручното образование продолжува активно да придонесува во унапредување на квалитетот и релевантноста на стручното образование, со посебен фокус на кариерното насочување како важен сегмент во подготовката на младите за пазарот на труд.

Поврзани вести

NEWSLETTER

Биди во тек со новостите, повиците и трендовите за кариера