„Воедно, ова значи дека учениците со завршување на средно стручно училиште, ќе имаат поголема веројатност за брзо вработување, во најголем дел во компаниите каде посетувале пракса, или пак да продолжат со своето образование на некои од универзитетите во државата“, истакнуваат од Влада на Македонија.
Нивен приоритет, велат, е да ја зголемат вработливоста на младите лица и да создадат кадри со вештини и компетенции што се потребни на компаниите, а со тоа и да овозможат младите да ја градат својата иднина во сопствената земја.