Оваа дигитална платформа претставува интерактивен водич низ можностите за средно стручно образование во Северна Македонија, наменет пред сé за ученици од завршните години на основното образование и нивните родители/старатели, како и за средните стручни училишта за промотивни и други активности.
Со лесен пристап до детални информации за секторите, училиштата, вработувањето и кариерата, платформата помага при носење на информирани одлуки за упис.
Преку пребарување, филтрирање и визуелни прегледи, ќе можеш да откриеш: кои квалификации постојат, во кои училишта се нудат, кои се можностите за вработување или понатамошно образование, и кои работодавачи се поврзани со конкретните училишта и сл.
Платформата е развиена со поддршка од проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@мк) и под покровителство на Министерството за образование и наука (МОН) и Центарот за развој на стручното образование (ЦРСО).
Можни работодавци поврзани со квалификацијата и училиштето
Во стручното образование постојат повеќе јасно дефинирани патеки кои овозможуваат понатамошен личен, образовен и професионален развој. Проодноста – односно можноста за премин од едно ниво на образование кон друго – е суштинска карактеристика на модерниот систем на стручно образование.
Пр. Учениците кои се запишуваат на трето ниво може да изберат да се вклучат директно на пазарот на труд или да продолжат уште една година за да добијат квалификација на четврто ниво. Оваа дополнителна година им отвора врата зa влез во високо образование.

Центарот за развој на стручното образование, со гордост присуствуваше на отворањето на „Образовното рандеву“ во рамки на МАССУМ – јубилејно, 20-то издание на
Директорот на Центарот за развој на стручното образование присуствуваше на Отворениот ден во АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје. Настанот претставуваше одлична можност за
Претставници од Центарот за развој на стручното образование присуствуваа на националната почетна конференција во Скопје за регионалниот проект „Подготви се за работа преку
Претставник од Центарот за развој на стручното образование учествуваше на панел-дискусија во рамки на националната работилница „Заедничка соработка за поддршка на Регионалните центри
Денес, со промотивен настан Македонија го одбележа пристапувањето кон WorldSkills Europe, најголемата европска платформа за извонредност во вештини и стручно образование. Настанот беше
„Воедно, ова значи дека учениците со завршување на средно стручно училиште, ќе имаат поголема веројатност за брзо вработување, во најголем дел во компаниите
За таа цел Владата и Министерството за образование и наука го зголемија бројот на стипендии за дуално образование на 1.570, а се зголеми
Рампо Лефката, 49, 1000 Скопје
contact@kvalifikacii.crso.gov.mk