НАЗИВ НА КВАЛИФИКАЦИЈАТА

Возач на моторно возило

Oпис на квалификацијата и подрачја на вработување

Квалификацијата содржи единици кои ги покриваат аспектите на знаење, вештини и компетенции потребни за извршување на работните задачи за превоз на патници и на стока во внатрешен и меѓународен сообраќај како и за манипулирање со стоката.

Квалификацијата возач на моторно возило на ученикот му обезбедува стекнување знаења, вештини и компетенции за самостојно, но и за тимско работење при извршување на работните задачи со кои ќе може: сигурно и безбедно да управува со превозни средства за превоз на стока (товарни возила со или без приколка, шлепери со или без полуприколка, посебни товарни возила, ладилници, цистерни, фургони, контејнери, тешки трактори, превозни средства за превоз на опасни материи, камиони и камиони за ѓубре) во внатрешниот и во меѓународниот сообраќај, со примена на техники на управување и информатичка технологија за водење на возилото и сообраќајна етика и култура во сообраќајот со примена на домашните и меѓународните сообраќајни правила и прописи; сигурно и безбедно да управува со превозни средства за превоз на патници (автобус, комбибус или минибус) во внатрешниот и во меѓународниот сообраќај, со примена на техники на управување и информатичка технологија за водење на возилото, при што ги почитува сообраќајните правила и прописи и применува принципи на сообраќајна етика и култура во сообраќајот; при извршувањето на превозот на патниците да извршува и други активности, како што се преземање безбедносни мерки за заштита на патниците, наплата на билети за дадените услуги на превоз, прием на багаж, водење евиденција и проверка и одржување на возилата; при извршувањето на превозот на товарот да извршува и други активности, како што се обезбедување на стоката, водење евиденција за патувањата, одржување на хигиената на возилото, проверка и вршење полесни поправки на возилото; манипулира со стока со употреба на виљушкар вклучително и контрола на исправноста на виљушкарот, управување и одржување на виљушкар, преместување на стока од едно до друго место, почитување прописи во внатрешен транспорт; да применува прописи, процедури и закони од областа на сообраќајот и логистиката, особено безбедност при работа и заштита на животната средина; да работи во согласност со стандарди.

Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како: Ракувач на виљушкар, Возач на моторно возило

Можност за занимања

Ракувач на виљушкар

a3

Возач на моторно возило

a3

Средни стручни училишта во кои е застапена оваа квалификација

ДУАЛНА

АСУЦГС „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ – СКОПЈЕ

a3
ДУАЛНА

АСУЦГС „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ – СКОПЈЕ

a3

Средни стручни училишта во кои е застапена квалификацијата

Квалификации од секторот: Сообраќај, транспорт и складирање

Манипулант на телефонска централа

a3

Ракувач со машини за пренос на материјал

a3

Техничар за влеча-машиновозач

a3

Техничар за железнички сообраќај

a3

Техничар за логистика во сообраќајот

a3

Техничар за патен сообраќај

a3

Техничар за транспорт и шпедиција

a3