Планира, организира, реализира и следи извршувањето на транспортот на патот, од местото на прием до местото на испорака на пратките; врши прием на стоката во складиште, вклучително и чување на стоката пред и по завршување на превозниот процес, ракување со стоката во складиште и испорака на стоката; извршува шпедитерски работи поврзани со превозот и следењето на пратките и координирање на сите учесници при транспортот на стока од едно на друго место; спроведува царински формалности; собира и обработува потребна документација за прием, царинење, транспорт, како и отпрема и допрема на стоката; применува прописи, процедури и закони од областа на сообраќајот и логистиката, особено безбедност при работа и заштита на животната средина; работи во согласност со ИСО-стандардите.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот ќе може да работи како: Оператор за транспорт, Шпедитер, Шпедитерски царински застапник, Оператор за складирање, како и на други работни места во шпедицијата, согласно со добиената квалификација, или преку отпочнување сопствен бизнис.