Планира, организира и регулира сообраќај и маневарска работа на возови; организира и планира поставување вагони за натовар и истовар; води патничка благајна за издавање билети во станици каде нема патнички благајник; изработува и контролира документи; далечински, со помош на информатичка техника и технологија, регулира сообраќај на возови; врши попис на воз и подготовка на возни документи; врши сметководствено благајничко работење на станична благајна и сите останати благајни; врши калкулација и наплата на превозни трошоци при склучување договори за превоз на патници, багаж и стока;составува извештаи и заклучоци на благајна; контролира, обезбедува докази врз основа на кои може да се изврши оценка за состојбата на безбедноста на сообраќајот; врши прием на стока во складиште, ја чува стоката, ракува со стоката во складиштето и ја издава на барање на корисникот; применува прописи, процедури и закони од областа на сообраќајот и логистиката, особено безбедност при работа и заштита на животната средина.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот ќе може да работи како: Отправник на возови, Диспечер на телекоманда, Транспортно – комерцијален техничар, Благајник во железничка станица, Оператор за складирање, но и на други работни места во доменот на железничкиот сообраќај, согласно со стекнатата квалификација.