Реализира работни задачи при спроведување дијагностички и тераписки процедури од доменот на денталната медицина; дејствува во рамките на своите надлежности, почитувајќи ги постоечките стандарди и протоколи; администрира и обработува податоци за пациентите; остварува комуникација со сите субјекти вклучени во системот на здравствена заштита, почитувајќи ги принципите на етичност и деловна култура; се грижи за примена на принципите на асептична работа во стоматолошка ординација и за заштита на работната и на животната средина од сите негативни влијанија.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Забарски/Дентален асистент и на други работни места, согласно со квалификацијата.