Изработува фикснопротетички конструкции, мобилни протетички изработки, мобилни ортодонтски апарати, комбинирани протетички конструкции; ја планира и организира работата во заботехничката лабораторија; ги координира активностите со стоматолошкиот тим; подготвува апаратура, инструменти и материјали за соодветни изработки; води медицинска документација и евиденција.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Забен техничар и на други работни места, согласно со квалификацијата.