Применува здравствена нега во примарна, секундарна и терциерна здравствена заштита на женската популација; планира, организира и реализира дијагностички и тераписки манипулации, како дел од здравствен тим; активно учествува во процесот на пренаталната, перинаталната и постнаталната заштита на родилката и новороденото; делува на ниво на здравствена едукација на женската популација со цел превенција на СПБ и малигни заболувања.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Гинеколошко-акушерска сестра и на други работни места, согласно со квалификацијата.