Прима и продава производи во продавница, наплата на продадени производи и водење трговска евиденција; врши продажба и преку телемаркетинг и продажба преку Е-трговија; ги идентификува потребите на потрошувачите, ги почитува правата на потрошувачите и обврските на продавачот при продажбата; применува законски прописи за безбедност и заштита при работа и заштита на лични податоци.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот може да работи како Продавач-демонстратор, Продавач-телемаркетинг, Надзорник во продавница, Продавач во малопродажба, Продажен асистент, но и на други работни места во продажба, согласно со квалификацијата.