Планира, организира, води и извршува активности од финансиското работење, сметководственото, банкарското работење, маркетинг, сигурување, комерцијално работење; ги следи промените и потребите на економијата во земјата и во странство; води деловна комуникација; почитува етички норми, кодекси, законска регулатива, стандарди и прописи од областа. Извршува набавка и продажба во земјата и во странство, банкарски, осигурителни и маркетинг активности; води сметководствена евиденција и изготвува сметководствено-финансиски информации.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот може да работи како Финансиски референт, Сметководител, Маркетинг референт, Банкарски службеник, Комерцијалист, Агент за осигурување и на други работни места од областа на економијата.