НАЗИВ НА КВАЛИФИКАЦИЈАТА

Графички техничар

Oпис на квалификацијата и подрачја на вработување

Изработува графички производ од копирна предлошка, преку печатарска форма, до отпечаток и финален производ. Графичкиот техничар работи на оперативни работи во подготовка и изработка на копирни предлошки и печатарски форми; во подготовка на машината за печатење и водење на процесот на печатење, на постапките и процесите во доработка на графичките производи, во контрола на процесите во графичкото производство, како и на одржување на машините, опремата и работната средина; соработува и комуницира со соработниците и клиентите.

Со стекнување на квалификацијата, ученикот може да работи како Оператор за графичка подготовка и печатење и Оператор за доработка на графички производи, како и на други работни места од областа на графичарството во печатница за офсет, флексо, бакро, сито и останати техники на печатење (умножување), во специјализирани погони и одделенија за печатење во другите сектори, во специјализирани фирми за подготовка и изработка на копирни предлошки и печатарски форми, во специјализирани фирми за производство на амбалажа, картонажа и преработка и конфекционирање на хартија.

Можност за занимања

Оператор за графичка подготовка и печатење

a3

Оператор за доработка на графички производи

a3

Средни стручни училишта во кои е застапена оваа квалификација

Средни стручни училишта во кои е застапена квалификацијата

Квалификации од секторот: Графичарство

Графички уредник – дизајнер

a3

Изработувач на визуелни апликации

a3

Книгоповрзувач – картонажер

a3

Печатар

a3

Помошник картонажер и книгоповрзувач

a3

Послужувач на графички машини

a3