Реализира испитувања на биолошки материјал за утврдување на здравствената состојба на популацијата, како и испитувања на храна, вода, отпадни материи и предмети за општа употреба и спроведува постапки на дезинфекција, дезинсекција и дератизација; користи современи методи и напредна апаратура за утврдување на здравствената состојба, дијагностицирање и следење на заболувања, подобрување на колективното здравје и спречување на ширење на болести; учествува во планирање, организирање и реализација на работа во лабораторија и на терен, при тоа пополнува работна документација; учествува и во здравствена едукација за чување и унапреду вање на здравјето, како и превенција на болести.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Mедицински лаборант, Санитарен лаборант и на други работни места, согласно со квалификацијата.