Изработува, поправа или заменува тапацир за мебел; реставрира вредни антиквитети; крои материјал за тапацирање; обработува дрво, елементи од дрво и плочи со рачни алати и едноставни машини; изготвува шаблони за тапацирање; шие ткаенини и други материјали за тапацирање; тапацира стандардни парчиња мебел, ѕидни панели и слично.
Со стекнување на квалификацијата, може да работи како Тапетар во производствен капацитет на друг работодавач или како независен претприемач.