Извршува работни задачи во областа на производството на мебел, ентериер и градежна столарија; изработува техничко-технолошка документација, оперативна подготовка на производството и нормирање на работата; подготвува и сортира дрво, дрвени плочи и помошни материјали; изработува шаблони, подлога за тапацир, ѕидни панели, платна за тавани или прекривки за мебел и нивно вградување; крои и шие материјали за тапацирање; составува олупроизводи и производи, одржува, контролира и поправа производи; пресметува цена на планирани производи и продажба на готовиот производ; изработува елементи, конструкции, полупроизводи и готови производи од групите на мебел, градежна столарија и специјални производи.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот може да работи како Оператор за подготовка на производството, Оператор со технолошки процеси за обработка на дрвото и плочи, Оператор за изработка на меки делови кај мебелот и внатрешна декорација.