Извршува операции за планирање и производство, подготовка на почвата за сеидба и садење на градинарски и цветни култури; одгледување и негување на садници и расад; директно садење, сеење и негување на културите, односно расадот со градинарски и цветни култури; во самото производство на градинарски и цветни култури, тој врши заштита на садниците, културите и насадите; рационално користење на материјалот и на времето при градинарското и цвеќарското производство, берба, транспорт, калибрирање, редење и складирање на градинарските и цветните производи и заштита на здравјето и животната средина.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Произведувач на цветни култури (Цвеќар) и Произведувач на градинарски култури (Градинар).