Ракувач со земјоделска механизација извршува операции за примена на основните техники при работа со земјоделска механизација, правилна подготовка и проверка на погонските, самоодните и приклучните машини за работа, ракување со различни видови на трактори и комбајни, практична изведба на работни операции со земјоделска техника, примена на стандарди и правила при транспорт во земјоделството, правилна евиденција на производството и правилно користење на машините, опремата и алатот на работното место и заштита на здравјето и животната средина.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како ракувач со земјоделска опрема, ракувач со земјоделска механизација, но и на други занимања, согласно со стекнатата квалификација.