Планира и организира активности, самостојно или под надзор и по налог на ДВМ (доктор по ветеринарна медицина); асистира во прегледот, дијагностиката и лекувањето на животните; учествува во лабораториски испитувања и во контрола на храната од животинско потекло; подготвува и дава храна на домашните животни, спроведува зоотехнички, зоохигиенски и превентивни мерки за здравствена заштита на животните; води ветеринарна евиденција, врши вештачко осеменување, обележува животни и други работи од техничка природа, поврзани со здравствената заштита на животните, согласно со законските прописи за борба против заразните болести кај животните кои ја загрозуваат целата земја, како и здравјето на животните и луѓето.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Оператор во ветеринарна медицина, Оператор за сточарско производство, но и на други занимања, согласно со стекнатата квалификација.