Обезбедува висококвалитетна основна нега и прва помош на лица во форма на добро дефинирани, повторливи и рутински должности во медицинска установа и во домашни услови; реализира и учествува во активности поврзани со одржување хигиена, исхрана и превенција на нелагодности; извршува работи што се поврзани со болничка и домашна постела, секакви видови транспорт и превенира инфекции во домашни и во болнички услови; воочува и следи елементарни патолошки состојби, заболувања, психофизички промени и смрт и соодветно спроведува медицински активности по налог.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Здравствени соработници, Негувател на возрасни лица и на други работни места, согласно со квалификацијата.