Работи на расекување, кроење, обезкостување и категоризација на месото за преработка и продажба; работи во одделенија за солење, саламурење и подготовка на суровините за месни производи, работи во колбасичара, на термичка обработка, ладно димење, ферментација и сушење; работи на топење на масно ткиво, ладење, пакување, сушење и одржување на месото и на месните производи, продажба на месото и на месните производи.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот може да работи на примарни и секундарни операции во кланица, во погони за преработка на месо и месни производи и во продавници за продавање месо и месни производи.